Вие имате прво да ја знаете вистината

Хари Мата Хари од почетокот на кариерата се присети како изгледал со долга коса (фото/видео)

Пејачот Хајрудин Варешановиќ или Хари Мата Хари важи за еден од најпопуларните вокали во Босна и Херцеговина, но и во регионот. Сега се сети на деновите од младоста и фризурата што некои можеби ја заборавиле.

Во спомен на неговите млади денови, пејачот позираше насмеан во виолетови шорцеви за капење, а следбениците ги потсети како изгледаше со долгата коса која некогаш беше негов заштитен знак.

Jedan #tbt ✨

Posted by Hari Mata Hari on Thursday, August 4, 2022

Во коментарите доби бројни комплименти, а тие истакнаа дека пејачот е еден од најубавите од просторот на поранешна Југославија.

Хари Мата Хари со години носи кратка фризура, а иако има 61 година, сепак изгледа одлично. Во некои претходни интервјуа, тој призна дека една од најнепријатните ситуации во неговиот живот била кога ја скратил својата долга коса на дваесетгодишна возраст.

Кариерата ја започна кон крајот на 70-тите години во сараевската група Амбасадори, а подоцна постигна завиден успех и, меѓу другото, остана единствениот изведувач кој и овозможи на БиХ да го добие најдобриот пласман на Евровизија.

Тоа се случи во 2006 година во Грција кога со песната „Лејла“ освои високо трето место.

На крајот на јуни Хари одржа голем концерт во Стојчевац, а неодамна тоа го направи и во Пула, каде сподели фотографии од одличната атмосфера.

Хари е во брак со Јасминка Иштук од Осиек, со која ретко се појавува во јавноста, а исто така е татко на три деца.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!