Вие имате прво да ја знаете вистината

Урнебесно видео – Андрија Милошевиќ упадна во бањата додека неговата сопруга се туширала и ја сними нејзината реакција, снимката стана хит на социјалните мрежи

Имено, додека неговата сопруга Александра Томиќ се туширала, тој влетал во нејзината бања и и кажал шега. Додека ја снимал, тој ја уверувал дека нема да и го снима целото тело туку ја замолил да го избрише стаклото за да и се види главата.

Актерот Андрија Милошевиќ ги насмеа сите со новото видео кое го објави на Инстаграм. Имено, додека неговата сопруга Александра Томиќ се туширала, тој влетал во нејзината бања и и кажал шега. Додека ја снимал, тој ја уверувал дека нема да и го снима целото тело туку ја замолил да го избрише стаклото за да и се види главата.

“Што вели коњот кога ќе му кажат дека некој прашал за него? Ко-пито?” беше шегата раскажана од Андрија. Откако Милошевиќ ја кажал поентата на шегата, видно изнервираната сопруга почнала лесно да си ја удира главата од вратата на туш кабината.

Инаку, Андрија стана татко во март годинава. Со партнерката Александра Томиќ го доби синот Реља. Александра се породила со царски рез. Во интервју за српските медиуми таа објасни дека не ги кријат деталите за бременоста, но дека немале потреба да ги информираат медиумите.

Тогаш открила дека името на момчето го дал еден од нејзините блиски пријатели. Актерот неговото доаѓање го прослави со најблиските членови на семејството и пријателите во еден белградски ресторан. – Имаме таков однос кон животот, славиме секој ден. Ова беше најубав провод, фантастичен – рече тој.

Да потсетиме, парот е во врска 10 години, а Милошевиќ своевремено ги коментираше деталите од нивниот брак.

– Нема тензија во нашата врска. Најважно е да се биде едноставен, и во бизнисот и во животот – изјави актерот. Да додадеме дека актерот на домашната публика и е познат по улогата во хумористичната серија “Андрија и Анѓелка”, а на социјалните мрежи често кажува шеги и се снима себеси и реакцијата на партнерката, со што ги засмејува следбениците.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!