Вие имате прво да ја знаете вистината

Шест години од поплавата во Гази Баба што однесе 22 животи

На денешен ден во 2016 година општина Гази Баба беше зафатена од голема поплава која однесе 22 човечки животи и нанесе големи материјални штети.

По повод шестгодишнината од поплавите, градоначалникот на Гази Баба Бобан Сефковски преку објава на фејсбук порача дека да не се заборават жртвите и изрази благодарност до сите кои помогнаа да се надминат последиците од водената стихија.

-Навршуваат шест години од катастрофалната поплава што ја зафати општина Гази Баба. Дваесет и двајца наши сограѓани ги загубија своите животи и болката по нив ќе трае засекогаш. Материјалната штета беше огромна. Домовите на жителите од Стајковци, Сингелиќ и околните населени места беа целосно уништени. Големата количина на вода за миг однесе се. Кога навидум се беше разрушено се роди новата надеж. Многу општини и градови од Македонија, многу држави од светот ја покажаа својата солидарност и хуманост кон нашата општината. Како градоначалник и денес изразувам благодарност до сите оние кои на било каков начин дадоа придонес во справувањето со последиците од поплавата.

Жртвите од поплавата како и солидарноста и хуманоста на илјадници луѓе кои помогнаа во справување со последиците од поплавата не смееме никогаш да ги заборавиме, пишува Стефковски

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!