Вие имате прво да ја знаете вистината

Брижит Макрон БЛЕСНА НА ПЛАЖА: Облечена во костим за капење кој одлично и прилега на секоја жена, го имаат сите ПОЗНАТИ ДАМИ (ФОТО)

Стилот на оваа припадничка на понежниот пол предизвикува различни реакции во последните години, но овој пат сите се согласија дека таа направи полн погодок!

За многумина, француската прва дама Брижит Макрон е синоним за елегантен деловен стил, иако понекогаш добива критики за нејзиниот моден избор. Во најголем дел, според модните експерти, таа е беспрекорно облечена, секогаш во согласност со пригодата.

Сепак, нејзините следбеници на социјалните мрежи веруваат дека понекогаш избира облека што не и прилега на жена на нејзина возраст, а дали навистина постои таква граница? Од друга страна, Брижит воопшто не се замара со тоа и продолжува да го носи она што и се допаѓа.

Но, никој немаше замерки за нејзиниот избор на костим за капење, кој совршено може да и прилега на секоја жена! Таа избра класичен, безвременски модел за својот одмор во Бормес-ле-Мимоса, каде што е официјалната летна резиденција Бреганкон уште од 1968 година.

Таа блескаше на плажата во црн едноделен костим за капење, додека францускиот претседател уживаше во водени спортови.

Исто како малиот црн фустан, така и неутрален црн едноделен костим за капење е одличен избор. Тој е едноставен, но многу ефикасен и одлично им одговара на жените од сите генерации и фигури.

По овој модел полудеа и бројни други дами од светската јавна сцена, како Џенифер Лопез, Пенелопе Круз, Сара Џесика Паркер, Шерон Стоун итн. А како изгледаат во него, погледнете:

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!