Вие имате прво да ја знаете вистината

Се бори за живот после ужасната несреќа! Автомобилот на актерката влета во гаражата и се запали: Морничави слики од терен го обиколуваат светот! (фото)

Холивуд го потресе веста за страшната сообраќајна несреќа која и се случи на актерката Ен Хеч.

Познатата актерка моментално се наоѓа во критична состојба во болница во Лос Анџелес, а се уште не е потврдено дали актерката била зад воланот и дали таа ја предизвикала несреќата.

Во населбата Мар Виста, Ен го удрила својот Mini Cooper во гаражата, а потоа автомобилот се запалил. Актерката со помош на противпожарната служба и брзата помош била извлечена од возилото и итно била пренесена во болница. Таа наводно е интубирана и во тешка состојба, пишува Дејли Мејл.

Сопственикот на куќата во чија гаража удрила не е повреден, иако е направена голема штета. Според пишувањата на американските медиуми, нејзиниот автомобил целосно изгорел, а пожарот во куќата цел час го гаснеле 59 пожарникари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!