Вие имате прво да ја знаете вистината

“Ѓоковиќ не е криминалец – ќе ги надмине Надал и Федерер”

Аргентинскиот тенисер Франциско Серундоло зборуваше за Новак Ѓоковиќ во подкастот „3iguales“.

Во таа прилика тој истакна дека Ѓоковиќ кариерата ќе ја заврши со повеќе Грен слем титули од Рафаел Надал и Роџер Федерер.

“Не го гледам Ѓоковиќ како криминалец. Мислам дека е спротивно. Се работи за тоа дека луѓето се заљубени во Федерер и Надал. Новак кажува како се чувствува, тој е автентичен”, изјави моментално 25-от играч во светот и додаде:

„Сигурно е дека ќе ги надмине и двајцата по бројот на грен слем титули. Ѓоковиќ е тој што им помага на нискорангираните играчи давајќи им пари. Затоа е добар“.

Аргентинецот неодамна ја освои својата прва титула во сингл во Баштад, Шведска, а неговиот најдобар пласман досега е 24 на АТП листата.

Беше блиску до вториот трофеј на следниот турнир во Хамбург, но Лоренцо Музети се испречи во полуфиналето.

Серундоло и Ѓоковиќ никогаш досега не се сретнале на официјални натпревари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!