Вие имате прво да ја знаете вистината

Оставање на бакшиш и уште 7 навики што се нормални кај нас, но не и во другите земји

Ако одите во пицерија во Италија, не очекувајте да ви донесат екстра доматен сос, а уште помалку кечап.

Некои навики се толку „навлезени“ во нашето секојдневие, што не ни им обрнуваме внимание. Но додека дел од навики се сосема нормални за нас, во некои земји се навредливи, па дури и забранети со закон.

Осум секојдневни навики што се нормални кај нас, но не и во други земји:

Додека кај нас бакшишот е дури и очекуван, во Јапонија можете само да ги навредите келнерите ако им оставите бакшиш.

Сигурно сме дека не обрнувате многу внимание со која рака јадете, но Индијците јадат само со десната – левата ја сметаат за нечиста, па со неа не јадат, ниту се поздравуваат.

Во Тајланд, виљушката се користи само за да се стави храната во лажица. Тамошните жители речиси никогаш не јадат само со виљушка како нас.

Во Руанда никогаш нема да сретнете човек кој јаде на улица – сите јадат или во ресторан, или во нивниот дом.

Пицата и помфритот се храна која повеќето ја јадеме со раце, но во Чиле не е препорачливо да го правите ова и за секое јадење треба да користите прибор.

Во Италија не очекувајте да ви донесат екстра доматен сос со пицата, уште помалку кечап. Всушност, немојте ни да барате екстра сос бидејќи некои пица-мајстори можат да се навредат.

Во Египет е неучтиво сами да си ја наполните чашата со пијалак, освен ако не сте сами на масата. Наместо тоа, треба да почекате да ви ја наполни некој друг, најчесто личноста која седи до вас или, ако сте на гости, домаќинот.

Во Сингапур не смеете да џвакате гуми за џвакање бидејќи се забранети со закон, со цел да се спречи отпадот што се создава со нив – чистењето на гумите за џвакање од јавните површини може да биде многу скапо.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!