Вие имате прво да ја знаете вистината

Психолог советува: РАБОТИ ЗА КОИ НЕСМЕЕШ ДА МУ СЕ ИЗВИНУВАШ НИКОМУ ВО ЖИВОТОТ!

„Не мораш да се извинуваш за… Својот живот. Своите одлуки. Своите избори. Своите емоции. Својот избор на партнер…“, советува Јелена Пејовиќ, психолог од Црна Гора.

Јелена Пејовиќ е психолог од Херцег Нови, Црна Гора и на Инстаграм профилот „Питај психолога“ (Прашај психолог) постојано споделува совети со кои сака да им помогне на луѓето.

Една од последните објави на Јелена е посветена на тоа за што не треба да им се извинувате на другите.

Нејзината објава гласи:

Не мораш да се извинуваш за…

Својот живот.
Своите одлуки.
Своите избори.
Своите емоции.
Својот избор на партнер.
Промената на своите емоции.
Своите желби.
Своите планови.

Овој живот е еден и сам ги создаваш своите одлуки. Колку и да ти се чини дека другите влијаат, дека зависите од некого и дека морате нешто да направите, на крајот самите вие одлучувате за сè.

Некои одлуки се лесни, некои тешки, некои болни, некои ризични!

Секој проблем има решение, иако секое решение не е она кое нам ни се допаѓа.

Потоа таа продолжува:

Слободата не подразбира повредување на другите, ниту робување на нив. Некои одлуки ги носиме затоа што знаеме дека се најдобри и дека со нив мора да се носиме.

Како еволутивно најсовршени суштества, со разум, штета е да не го користиме и да се извлекуваме на нагоните.

Животот ќе ни ги повторува лекциите додека не ги научиме.“

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!