Вие имате прво да ја знаете вистината

Бензин врз огнот: Американската војска ќе вежба со Индија долж кинеската граница – Се чека реакцијата на Пекинг?

Американската и индиската армија кон средината на октомври ќе одржат заеднички воени вежби во индиската држава Утараханд. Оваа индиска сојузна држава се наоѓа на северот на земјата, граничи со Тибет, Непал и индиските сојузни држави Химачал Прадеш и Утар Прадеш. Американско-индиските воени вежби ќе се одржат на подрачје помалку од 100 километри оддалечено од спорната индиско-кинеска граница.

Вежбите ќе се одржуваат на височина од 10.000 стапки, или околу 3.000 метри, а ќе бидат фокусирани на обука на војници за војување на голема височина, објави “Си-Ен-Ен”, повикувајќи се на извори од индиската армија. Вежбата ќе се одржи во област на 95 километри од линијата на вистинска контрола (LAC), парче земја што приближно ја означува спорната граница меѓу Индија и Кина. Тоа ќе биде 18-та годишна заедничка американско-индиска воена вежба.

Мост над езерото Цо

Односите меѓу Индија и Кина се затегнати откако во судирот во јуни 2020 година загинаа најмалку 20 индиски војници и четворица кинески војници. Тензиите неодамна дополнително ги подигна Кина, која изгради мост над езерото Пангонг Цо, кое се наоѓа долж границата. Изградбата на мостот беше осудена од индиската влада како нелегална окупација.

За време на посетата на Индија оваа година, командантот на американската војска во Пацификот, генерал Чарлс Флин, рече дека е алармантно како Кина ги зголемила своите воени сили во близина на спорната граница. Партнерството со Индија е еден од најважните елементи на нашата заедничка визија за слободен и отворен индо-пацифички регион, изјави за Си-Ен-Ен портпаролот на Министерството за одбрана на САД.

Линија на вистинска контрола

Слабо дефинираната линија на вистинска контрола, де факто, но недоговорената граница меѓу Индија и Кина, произлезе од кинеско-индиската погранична војна од 1962 година, која избувна поради долготрајните историски територијални спорови. Сè уште постои спор меѓу Кина и Индија за тоа каде оди заедничката граница. Одржувањето воени вежби е многу деликатно бидејќи секоја воена провокација меѓу Индија и Кина може да има сериозни последици: и двете земји, имено, имаат нуклеарно оружје.

Пограничните тензии меѓу Индија и Кина ескалираа по судирот во јуни 2020 година во долината Галван кога војниците се бореа со тупаници, камења и бамбусови стапови засилени со клинци. Во крвавата пресметка загинаа најмалку 20 индиски војници.

Иако тензиите меѓу двете нуклеарни суперсили оттогаш се намалија, двете земји сè уште одржуваат големи воени сили во пограничната област. Ова го зголемува ризикот од потенцијално погрешно проценување во случај на ненадејни и неочекувани конфликти.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!