Вие имате прво да ја знаете вистината

БОРБА НА БАЈДЕН! На социјалните мрежи кружи снимка од американскиот претседател кој не може да облече сако: Ова е толку тажно ВИДЕО

Американскиот претседател Џо Бајден се обидел да се справи со новонастанатата ситуација која настана откако излегол од хеликоптерот, но не успеал, а првата дама морала да му пријде на помош.

По неколку неуспешни обиди да го облече сакото кое постојано му се измолкнуваше, сопругата му помогнала, но само неколку моменти подоцна се случила уште еден лош пех и му испаднале очилата за сонце.

Клипот беше објавен на Твитер со коментар “Бајден не може ни сако да облече. Ова е едноставно тажно. И станува се потажно”.

Многу луѓе го коментираа видеото како уште еден негов пех по кои тој стана познат, но многумина го бранеа и велејќи да го остават на мира бидејќи неодамна имал Ковид.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!