Вие имате прво да ја знаете вистината

Приведен осомничен дилер во Вруток

Ноќеска 10 минути по полноќ полициските службеници од ОВР Гостивар во гостиварско Вруток, го лишиле од слобода Ф.В. (62) од ова село, кај кого по наредба од судија во претходна постапка во времето од 00:10 до 00:45 часот бил извршен претрес.

Како што информираат од МВР, при претресот биле пронајдени девет кесиња со марихуана и една дигитална вага. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!