Вие имате прво да ја знаете вистината

Пристигнувањето на iPhone 14 би можело да биде одложено поради тензиите меѓу Кина и Тајван

Растечките тензии меѓу Кина и Тајван може да доведат до одложување на новата генерација на паметниот телефон iPhone 14 на Apple.

Apple е главниот “клиент“ на TSMC, кој ги доставува своите чипови на Pegatron во Кина, каде што се склопуваат iPhone-овите. Откако претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси го посети Тајван, следеа остри реакции од Кина, а ситуацијата меѓу двете страни стана уште по „напната“.

Покрај тоа, кинеската комунистичка партија го забрани споменувањето на Тајван и Република Кина во документите за испорака, што значи дека некои хардверски компоненти може да бидат вратени назад во Тајван, што ќе резултира со одложување на производството на iPhone 14.

Заменик-претседател на Pegatron и претставници на TSMC беа видени со Пелоси за време на нејзината посета на Тајван, така што сето ова може да значи почеток на жестока трговска војна меѓу кинеската Комунистичка партија и Тајван, меѓу кои американските компании, вклучително и Apple.

Исто така, Apple веќе е во разговори со тајванските партнери и побара отстранување на ознаките “Made in Taiwan“ и “Republic of China“.

Значи, има смисла што изворите на познатиот аналитичар Минг-Чи Куо тврдат дека некои единици од 6,1-инчниот iPhone 14 ќе ја напуштат фабриката на Foxconn во Индија.

Оваа ситуација настана во најлош можен момент за Apple бидејќи претставувањето на iPhone 14 е многу блиску, а се шпекулира и за проблеми со квалитетот на производството на екранот и камерите на iPhone 14 Pro Max.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!