Вие имате прво да ја знаете вистината

Авион удри во камион на автопат и се запали, нема повредени: “Избегната е трагедија“ (видео)

Мал авион слетал на автопат во Калифорнија во вторникот, удрил во камион полн со луѓе и се запалил, а во драматичниот настан нема повредени.  Авионот се урнал на автопат во округот Риверсајд во близина на авенијата Линколн нешто по 12:30 часот, а несреќата е снимена на видео, пренесува “New York Post” . 

Пилотот и еден патник во авионот успеале безбедно да излезат од авионот, а трите лица кои биле во камионот не се повредени. Имено, пилотот рекол дека морал принудно да слета на автопатот откако му откажал моторот додека се движел кон аеродромот.

“Среќа што сообраќајот беше слаб и што пилотот безбедно слета. Избегната е голема трагедија” – изјави капетанот Леви Милер од патролата на автопатот во Калифорнија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!