Вие имате прво да ја знаете вистината

Го избркал родениот брат од репрезентацијата бидејќи потпишал за руски клуб – Жесток скандал ја тресе Полска (фото)

Репрезентативецот на Полска, Марсел Понитка нема да игра за репрезентацијата на Евробаскетот бидејќи неговиот брат Матеуш не го сака во тимот!

Матеуш го искара својот брат затоа што решил да игра за Зенит од Санкт Петербург .

“Имам информации дека селекторот немал проблем со мене, но Матеуш не сака да ме прифати во тимот”, откри Марсел.

Иако неговата одлука да игра за рускиот тим и покрај ситуацијата во Украина наиде на осуда од јавноста во Полска, Марсел не чувствува одговорност.

“Не се чувствувам виновен за целата оваа ситуација и не разбирам зошто Матеуш ме дискредитира по секоја цена и застанува на патот на мојата кариера. Немам што да кријам. Ако Матеуш се чувствува загрозен, подобро е да седнеме на на иста маса и разговараме за се како двајца мажи, а не вака”, рече полскиот кошаркар.

И покрај се што се случи, Марсел се уште има желба да игра за репрезентацијата.

“Секогаш отворено зборував за тоа, а тренерот и Федерацијата многу добро го знаат тоа. Трпеливо го чекам ветениот состанок, кој капитенот толку често го избегнува. Би сакал Матеуш да се однесува како професионалец и по ова прашање и да да се разјасни ситуацијата, за доброто на целата екипа и еднаш засекогаш да се стави крај на шпекулациите”, заклучи Полјакот.

Матеуш не е единствениот репрезентативец на Полска кој не го сака Марсел во тимот. Имено, НБА асот Марцин Гортат е револтиран од неговата одлука да заигра за рускиот тим.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!