Вие имате прво да ја знаете вистината

“ЖИВОТ БЕШЕ ПЕКОЛ” ЗА ЈЕЛЕНА! БИЗАРНО ОДНЕСУВАЊЕ НА СЕМЕЈСТВОТО МАРЈАНОВИЌ: Свекрвата направила маникир по убиството, свекорот се смеел по погребот!

Сведоците изнесоа страшни детали за свекорот Владимир и свекрвата Зорица, кои меѓувреме починале.

Чудното однесување на семејството Марјановиќ, контрадикторните изјави, претераното изложување во јавноста се само дел од фактите кои го поттикнаа сомнежот дека членовите на ова семејство, на некој начин, веројатно биле вмешани во убиството на Јелена Марјановиќ, поранешната српска пејачка, чија смрт повеќе од пет години е топ тема во регионот.

Медиумите пишуваа дека заталкале во магии и дека куќата ја изградиле од пари кои мајката на Зоран, Зорица, ги земала од лесноверните, наводно лекувајќи ги со натприродни сили. Соседите на убиената пејачка отворено тврдат дека Марјановиќ се одметнале од религијата.

ЗА СЕ СЕ ПРАШУВАШЕ

  • Ја избраа темната страна. Залудно е да зборуваат дека има десетици икони во куќата кога Зорица им наплаќа на луѓето за помош. Порано живееле во колиба, а сега имаат таква куќа и скапи коли. На погребот немаше да има свештеник доколку тоа не го побараше Зорица Крсмановиќ, мајката на несреќната пејачка. Луѓето дури се плашат од нив затоа што секогаш се толку мистериозни и црни, на сите им е јасно дека се свртеле кон ѓаволот – раскажуваат соседите.

Од убиството во април 2016 година, членовите на семејството велаа дека Јелена е божествено суштество, со која никогаш не се скарале. Сведоците, пак, велат поинаку, па кумата на Зоран, Нора Бакиќ Карлеуша на судењето изјавила дека несреќната жена се пожалила на својот свекор Владимир.

  • Ми кажа дека во куќата владее лоша атмосфера и дека Владимир има големо влијание врз нејзиниот сопруг. Рекла дека “старите” и го загорчуваат животот. Таткото на Зоран ги носеше сите одлуки во куќата и прашуваше за се, ја контролираше Јелена и постојано се јавуваше на телефон и ја прашуваше кога си оди дома. Таа се плашеше од него и рече дека е многу тежок човек, со кој комуникацијата е невозможна, а и било непријатно секогаш кога била сама со него – сведочеше Нора.

САКАЛЕ БОГАТСТВО

Уште пошокантни обвинувања, но против свекрвата Зорица, дојде во анонимно писмо кое од Швајцарија стигна до Вишиот суд во Белград пред почетокот на судењето на Зоран.

  • Зорица негува лоши емоции кон својата снаа Јелена (љубомора, злоба, завист, омраза)… Јелена со години го трпела мачењето на свекрвата кое систематски ги водело најмилите во смрт. Тие одеднаш се разболувале , добиваат рак и умираат. Прво таткото, па вујкото, а по нејзиното убиство и мајката – стои во документот што сега се наоѓа во обвинителството.

Како мотив на свекрвата да им наштети на сите од семејството Крсмановиќ, во писмото се споменува имотна корист бидејќи целиот наследен имот на Јелена ќе се слее во куќата на Марјановиќ:

  • Кога Јелена стана популарна, се обиде да излезе од пеколот на ова семејство. Се откажала од наследството на нејзиниот татко и предизвикала гнев во куќата на Марјановиќ. Тие верувале дека таа им се одмаздила на овој начин бидејќи сфатила што прават и која е нивната цел, а збеснале поради високата вредност на недвижноста од која се откажала.

Бизарно однесување на домашните

Свекор Владимир:

  • Само неколку дена по злосторството насмеан ја напушти куќата – фотографиран со насмевка и по погребот, испрашувањето, посетата на синот во затвор

Свекрвата Зорица:

  • Кога ја слушна веста за убиството прво заплака, па отиде дома и си направи маникир – никогаш не го посетила синот во затвор – не отишла на погребот на убиената снаа, на комеморацијата и откривањето на споменикот, таа не изрази сочувство до нејзината мајка Зорица и семејството

Сведоштво на фризер

Зорица Гемовиќ, фризерката на Јелена, исто така изјави дека Јелена трпела малтретирање. Таа сведочеше за нарушениот однос помеѓу Зоран и несреќната жена. Таа изјавила дека во неколку наврати и кажала дека сопругот ја омаловажува, и вели дека е дебела и грда, дека животот во таа куќа и е катастрофа.

-Ми кажа дека и доаѓа да го земе детето и да замине. Кога ја прашав зошто не се разведува, таа исплашена одговори: “Зоко, ќе ме убиеше” – сведочеше фризерката.

Анализа на криминологот Добривој Радовановиќ

  • Неприсуството на Зорица на погребот може да се протолкува како тоа што таа не сакала да открие детали кои со своето однесување би го направиле нејзиното семејство сомнително, што би го забележале и другите – изјавата на Владимир по апсењето на Зоран дека Јелена имала љубовник е обид да се замени класичната теза – жртвата да се прогласи за главен виновник

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!