Вие имате прво да ја знаете вистината

На „Табановце“ за излез од земјава се чека 90 минути, на „Пелинце“ еден час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини попладнево е зголемен. На ГП „Табановце“ времето на чекање за излез од државата е околу 90 минути. На „Пелинце“ за излез се чека од 45 до 60 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!