Вие имате прво да ја знаете вистината

НЕВЕРОЈАТНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: Ибрахимовиќ сподели фотографија по операцијата, фановите не им веруваат на своите очи! ОВОЈ ЧОВЕК Е ЧУДО!

Само 11 недели по големата операција на коленото, мускулите на ногата на Златан Ибрахимовиќ изгледаат импресивно.

Напаѓачот на Милан (40) уште еднаш покажа зошто и во доцните играчки години важи за еден од најподготвените фудбалери на планетата .

Да потсетиме, славниот ас успешно се опоравува од операцијата на предните вкрстени лигаменти на левото колено.

По операцијата што ја направи на 25 мај, тој мораше строго да мирува и поради неактивност мускулите на левата нога атрофираа, а тонусот драстично падна. Сепак, овој неверојатен борец брзо ги доведе нозете во импресивна состојба.

Ибра на социјалните мрежи сподели фотографија од ногата кои, само 11 недели по операцијата и тоа делува неверојатно.

Заедно со фотографијата која ги маѓепса неговите следбеници, Ибра остави краток и јасен коментар: “Без граници”.

Да потсетиме, Швеѓанецот го продолжи договорот со Милан на уште една година, а неговото враќање на терените се очекува во јануари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!