Вие имате прво да ја знаете вистината

Откриено е како мажите ги избираат партнерките: Не е во прашање само убавината туку и за нешто на што не можете да влијаете

Ако барем еднаш сте доживеале невозвратена љубов , сигурно сте се запрашале што има таа друга девојка што ја сака, а вие немате. Па, според истражувањата, се чини дека има нешто на што не можете да влијаете.

Интересна студија спроведена од страната за запознавање eHarmony покажала дека дури две третини од мажите, т.е. 64 проценти избираат девојка која е слична на неговата мајка. Според истражувачите, оваа сличност се однесува на карактерните црти, а не на изгледот.

За да дојдат до овој заклучок, научниците создале тест на личноста , со кој ги оценувале мажите, нивните партнерки и нивните мајки. Резултатите покажаа дека една особина е најважна и дека повеќето од женските партнерки на учесниците во студијата имаат исто ниво на толеранција – почитување и прифаќање на туѓите мислења – како и мајките на тие мажи.

Друга работа што ја споделуваат машките партнерки и мајки е односот кон моногамијата, како и желбата да се покаже емпатија кон другите.

„Добро е познато дека нè привлекуваат луѓе кои имаат особини слични на нашите и, до одреден степен, се обидуваме да рекреираме одредени аспекти од врската со нашите родители. Затоа, не е чудно што мажите ги привлекуваат жени кои имаат слични особини на нивните мајки“, вели експертот за односи Рејчел Лојд.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!