Вие имате прво да ја знаете вистината

Русите масовно бегаат!? – Серија експлозии на рускиот Крим, избувна огромен облак во форма на печурка: “Ако се покаже дека Украина е одговорна, тоа би било значајна ескалација!”

Крим е меѓународно признат како украинска територија, но Русија владее со полуостровот осум години, а руските државни структури и воени објекти се многу добро воспоставени.

Едно лице загина во вторникот кога руската воздухопловна база во близина на одморалиште на анектираниот полуостров Крим беше потресена од експлозии за кои Москва рече дека биле детонации на складирана муниција, а не се резултат на напад.

Се појавија фотографии од огромниот сообраќаен метеж во кој стотици Руси, наводно, го напуштаат анектираниот полуостров Крим, откако вчера силна експлозија ја потресе клучната руска воздухопловна база, пишува Дејли мејл.

Имено, станува збор за руски туристи, а корисниците на социјалните мрежи јавуваат дека километарски редици се создале пред Кримскиот мост, речиси 17 километри долг мост преку Керченскиот теснец, кој пред четири години го поврза Крим со Русија.

Очевидци рекоа дека слушнале најмалку 12 експлозии околу 15:20 часот по локално време (12:20 GMT) од воздухопловната база Саки во близина на Новофедоривка на западниот брег на полуостровот, кој Русија го анектираше од Украина во 2014 година и го искористи во февруари како едно од лансирните рампи за нивната инвазија.

Крим, дестинација за одмор за многу Руси, досега беше поштеден од бомбардирањето и артилерискиот оган што ги претрпеа другите области на источна и јужна Украина.

Украина не презема одговорност за експлозиите

Руското Министерство за одбрана остана на своето тврдење дека “детонирањето на неколку складишта за муниција на авијацијата” ја предизвикало експлозијата и првично рече дека нема повредени. Наведено е дека немало напад и не е оштетена опремата на аеродромот.

На прашањето дали Украина ја презема одговорноста за експлозиите, советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак за онлајн телевизискиот канал Дожд изјави: “Се разбира дека не. Што имаме ние со тоа”?

Москва би можела да го обвини Киев за преминување на црвената линија доколку Украина признае дека извршила инвазија на територија што Русија ја смета за своја. Подољак, кој го советува претседателот Володимир Зеленски , посочи дека експлозијата може да биде резултат на руската неспособност или партизански напад.

Нема докази за намерен напад

“Луѓето кои живеат под окупација разбираат дека окупацијата завршува”, рече тој.

Руските новински агенции цитираа неименуван извор од министерството кој вели дека “нема знаци, докази или, уште помалку, факти (за да укаже) на намерен напад врз складишта за муниција”.

Кримското Министерство за здравство соопшти дека еден цивил загинал, а осум други се повредени.

Доколку се покаже дека Украина е одговорна за нападот…

Би-Би-Си во својата анализа напиша дека доколку се покаже дека Украина е одговорна за овој напад, тоа би било значајна ескалација. “Тоа би бил првиот голем напад на цел во самиот Крим”, велат тие, додавајќи дека тоа ќе значи дека Украинците се приближиле.

Во јуни 2022 година, рускиот “водач” на Крим рече дека украинските сили пукале врз нафтените платформи на Црното Море во водите на Крим, што резултирало со неколку жртви. Кон крајот на јули, руските власти соопштија дека беспилотно летало удрило во објект на руската морнарица во градот Севастопол, при што биле повредени шестмина.

Затоа, рускиот одговор би можел да биде многу сериозен

Крим е меѓународно признат како украинска територија, но Русија владее со полуостровот осум години, а руските државни структури и воени објекти се многу добро воспоставени.

За Кремљ, Крим има квази-свет статус, сметан “историски” за руска земја која Москва триумфално ја “врати кон матицата” во 2014 година. Напад толку длабоко во територијата на Крим би бил голем срам за претседателот Путин.

Постои страв дека ако Украинците почнат систематски да напаѓаат руски цели внатре во Крим, рускиот одговор би можел да биде многу сериозен. Минатиот месец, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев , сега заменик-претседател на моќниот Совет за безбедност, рече дека ако Крим биде нападнат, “судниот ден веднаш ќе ги чека сите инволвирани”.

Зеленски: Конфликтот нема да заврши додека не се ослободи Крим

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во средата дека конфликтот со Русија нема да заврши додека не се ослободи црноморскиот полуостров Крим, кој Москва го анектираше.

“Крим е украински и никогаш нема да се откажеме од него. Црноморскиот регион не може да биде безбеден додека Крим е окупиран. Нема да има стабилен и траен мир во многу земји на брегот на Средоземното Море се додека Русија може да го користи нашиот полуостров како негова воена база”, рече Зеленски.

“Оваа руска војна против Украина и против цела слободна Европа започна со Крим и мора да заврши со Крим – неговото ослободување”, рече Зеленски.

Претходно во вторникот беа пријавени експлозии во руска воена база на полуостровот на Црното Море, а владата во Киев соопшти дека не е одговорна. Њујорк тајмс објави дека украинската војска нападнала клучна руска воздушна база таму со непознато оружје.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!