Вие имате прво да ја знаете вистината

Масакр во Цетиње – Повеќе од 10 мртви!? Го уби целото семејство, излезе на улица и убиваше се по ред пред да биде убиен од полицијата (фото/видео) 

Во денешниот крвав масакр во Цетиње, според неофицијални информации, Вучко Бориловиќ (34) го убил целото семејство, а потоа излегол на улица и убивал луѓе по ред како наидувал на нив, а неколкумина од нив биле ранети.

Според се уште непотврдени информации, во масакрот загинале повеќе од 10 лица, меѓу кои и има и деца.

Полицијата го уби напаѓачот Вучко Бориловиќ (34). Напаѓачот наводно спречувал брза помош да им пријде на жртвите пред да биде убиен од полицијата.

Според информациите, тој околу 16 часот пукал со огнено оружје кон сограѓаните зад зградата на Владата.

Причината за крвавиот масакр е најверојатно семеен конфликт. Полицијата се уште нема официјално соопштение.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!