Вие имате прво да ја знаете вистината

Бил Гејтс и Џеф Безос ја финансираат потрагата по ретки метали на Гренланд

Гренланд е исто така место кое е значително погодено од климатските промени. Поради глобалното затоплување, најбрзо до сега исчезнува неговата ледена покривка, а веќе има и такви кои сакаат да ја искористат таквата ситуација. Голем број американски милијардери, наводно предводени од Бил Гејтс, Џеф Безос и Мајкл Блумберг, финансираат експедиција чија задача е да ги пронајде скриените богатства, кои со милениуми се заробени под вечниот снег и мраз.

ЛОВ НА БОГАТСТВО

Потрагата ја води компанијата KoBold Metals, а нејзината главна цел е откривање на можни наоѓалишта на никел и кобалт. Нивниот извршен директор Курт Хаус изјави дека западниот брег на Гренланд може да го има првиот или вториот по големина „резервоар“ од овие елементи во светот.

Покрај тоа, се верува дека под површината на Гренланд се кријат големи резерви на ретки метали, корисни за производство на батерии и други технолошки компоненти неопходни за транзицијата на зелената енергија. Дополнително, се верува дека се можни наоѓалишта на злато, бакар, цинк и јаглен.

Интересно е што климатската криза, која светот се обидува да ја ублажи, сега би можела да го олесни откривањето на суровини за потребните технолошки решенија.

Истражувачите од Гренланд користат вештачка интелигенција, земаат примероци од почвата, летаат над површината со хеликоптери и дронови и ги мерат магнетните полиња за да го утврдат составот на почвата под мразот. Првото дупчење на одредени локации би можело да започне веќе наредното лето. Експертите предвидуваат дека мразот на Арктикот може целосно да исчезне во следните две или три децении. Исто така, вечниот мраз наскоро би можел да стане сезонски, откривајќи нови наоѓалишта низ арктичкиот регион.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!