Вие имате прво да ја знаете вистината

ВУЧИЌ ГИ ОТКРИ ИМИЊАТА НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ПРЕМИЕР: Ана Брнабиќ и Милош Вучевиќ, а има и трета опција

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како гостин на TV Prva објави дека Милош Вучевиќ и Ана Брнабиќ се кандидати за премиер на идната влада и дека постои можност премиерот да биде избран на предлог на коалициски партнер.

„Сè уште разговараме и дебатираме, како што видовте од сите стории за претседателот на Собранието и од сите безброј написи, никој не погодил. Можам вечерва да ве информирам дека е можно да биде предложен еден кандидат од Коалициските партнери а двајца можни кандидати во овој момент се Милош Вучевиќ и Ана Брнабиќ, а не е можно да има некој друг во партиските тела. Како што гледате отворено ви кажав. Тоа се трите можни опции.“ тој рече.

Зошто Ана Брнабиќ не е единствениот кандидат за премиер? ,,Досегашниот мандатар (Ана Б) одлично си ја заврши работата” – изјави Вучиќ.

„Јас сум многу задоволен од нејзината работа, но ако мислите дека изборот на 20-тина министри е список и дека јас диктирам нешто… Не!

Политиката е нешто друго, список на компромиси што ги правите. Ана беше извонреден премиер “, додаде Вучиќ.

Претседателот, исто така, уште еднаш го потврди зголемувањето на пензиите, а зборуваше и за значително зголемување на платата на припадниците на војската.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!