Вие имате прво да ја знаете вистината

ДАЛИ СЕ ПОЈАВИ НОВА ПОСЛЕДИЦА ЗА ОНИЕ КОИ ЈА ПРЕЛЕЖАА КОРОНАТА? Се појавува на рацете и нозете и боли, а еве што вели инфектологот

Омикронскиот вид на коронавирус со месеци го пустоши светот па и Македонија, а веќе извесно време секојдневно бележиме високи бројка на заразени. И додека симптомите на оваа подваријанта се познати, како и симптомите по КОВИД, британските експерти предупредуваат на нов феномен. Станува збор за осип, поточно промени на кожата на прстите на рацете и нозете кои можат да бидат поврзани со вирусот ковид.

Имено, британскиот епидемиолог проф. Тим Спектор објави фотографија од необичниот осип. Како што наведе, претежно се работи за болен осип со красти, кој се појавува неколку недели откако ќе помине инфекцијата со Ковид и што предизвикува збунетост кај лекарите. Податоци кои потоа беа собрани од повеќе од милион луѓе кои пријавиле симптоми преку апликацијата ZOE Health Study, дизајнирана од проф. Спектор, покажа дека промените на кожата, прстите на рацете и нозете може да бидат симптоми на пост-видија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!