Вие имате прво да ја знаете вистината

ДОБИ ДОГОВОР од 340 МИЛИОНИ ДОЛАРИ, ПОТОА ПАДНА НА ДОПИНГ ТЕСТ! Скандал ја тресе Америка – суспендиран на 80 натпревари!

Фернандо Татис Јуниор поради суспензија ќе мора да ја пропушти оваа сезона како и почетокот на следната.

Скандал ја тресе Америка. Безбол суперѕвездата Фернандо Татис Јуниор (23) падна на допинг тест. Човекот кој потпиша 14-годишен договор од 340 милиони долари со Сан Диего Падрес е суспендиран на дури 80 натпревари.

„Имав проблем со габична инфекција па земав лек во кој имаше супстанца, не го правев тоа намерно. Требаше да проверам сè пред да го користам, не го направив тоа и тоа е моја вина. Сакам да им се извинам на навивачите на Падрес, организацијата, соиграчите. Немам оправдување за мојата грешка. Само сакам сите да знаат дека никогаш свесно не би направил такво нешто, многу ја сакам оваа игра и не би покажал такво непочитување. Сите мои претходни резултати од тестот беа негативни“, рече Татис.

Фернандо е роден во Доминиканска Република а во клубот е од 2019 година. Тој минатата сезона беше дел од All Star тимот и многумина му предвидуваа светла иднина. Впрочем, договорот од 340 e показател за каков играч станува збор.

Јас сум скршен. Нема друго место на светот каде што би сакал да бидам освен теренот. Размислував да поднесам жалба, но, сфатив дека сето тоа е моја вина, па решив да не го правам тоа. Веднаш ќе почнам да ја отслужувам казната“, изјави Татис јуниор.

Ова значи дека Фернандо ќе ги пропушти преостанатите 48 натпревари оваа сезона и 32 натпревари во следната. Доколку неговите соиграчи се квалификуваат во Play-off, тој може да се врати на теренот малку порано следната година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!