Вие имате прво да ја знаете вистината

Естонската премиерка го нервира Кремљ: “Сега се гледа од што Русите најмногу се плашат, затоа Медведев ме нападна”!

Забраната за влез на руски туристи во Шенген зоната е Ахиловата пета на Москва, изјави во петокот естонската премиерка Каја Калас, еден ден откако нејзината земја го забрани влезот на Русите.

Острата реакција на членовите на руската елита на повиците во Европската унија да се забрани влез на руски граѓани покажува дека тоа би била ефективна санкција, изјави Калас во петокот за естонското радио.

Владата во Талин во четвртокот одлучи руските граѓани од 18 август повеќе да не можат да влегуваат во Естонија со шенген визи. Забраната се однесува само на визите издадени од Талин, но не и на другите членови на зоната за слободно движење.

“Морате да разберете дека само 10 отсто од руското население патува во странство, а токму овие жители, најмногу од Москва и Санкт Петербург, имаат значење”, рече естонскиот премиер.

Како доказ го наведе личниот напад врз неа од поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев .

“Ова покажува дека тоа е Ахиловата пета. Ова е нешто од што навистина се плашат, што значи дека е ефективно”, нагласи Калас.

Во дискусијата за издавање шенген визи за Русите, Калас укажа на неправедната поделба на товарот.

“Европа го забрани воздушниот сообраќај од Русија кон Европа. Тоа значи дека во Европа можат да дојдат само преку три земји – Финска, Естонија и Летонија. Затоа, не е многу фер другите членки на Шенген да издаваат визи, а ние сме тие што го носиме целиот товар”, рече таа.

Предлогот за западните земји да забранат влез на руски државјани прв го изнесе украинскиот претседател Володимир Зеленски , а набрзо во овој повик му се придружија Калас и финската премиерка Сана Марин.

“Посетата на Европа е привилегија, а не право”, нагласи естонскиот лидер во повикот за забрана, додавајќи дека е време “туризмот од Русија да престане”.

Марин, од друга страна, рече дека “не е во ред што додека Русија води агресивна и брутална војна во Европа, Русите живеат нормален живот и патуваат наоколу како туристи”.

Предложената забрана нема да важи за деловни контакти, вработени, студенти и хуманитарни контакти, а каналот ќе остане отворен за Русите кои бараат политички азил во ЕУ.

Критичарите на предлогот истакнуваат дека последната група најмногу користи “туристички причини” за да избега од Русија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!