Вие имате прво да ја знаете вистината

ЗАРАБОТИ МИЛИОНИ, играше со Зидан, а умре како бездомник! Сопругата го оставила, тој никогаш не го видел синот, а починал смрзнат на улица (видео)

Светот на фудбалот не носи секогаш само убави слики, живот исполнет со светлата на големите градови и дебели паричници.

Протагонист на една ваква потресна приказна со тажен епилог е Хоаким Фернандез, поранешен фудбалер на Бордо и Милан.

Јоаким е роден во 1972 година во Сенегал, а во Франција дошол многу рано. Поранешниот селектор на Србија Славољуб Муслин му даде шанса да дебитира за првиот тим на Бордо. Тогаш за Бордо настапуваше и одличниот Зинедин Зидан. Тој тим стигна до финалето на Купот на УЕФА во сезоната 1995/96.

Кариерата потоа го однесе во Италија, каде играше за Удинезе, Монца и Милан. После тоа замина во Данди Јунајтед. Ангажманот во Шкотска е запаметен по жестоката пресметка со Пол Гаскојн на пријателски натпревар. Има позната фотографија на која го фаќа за врат познатиот Газа.

За негова несреќа, тој се пензионираше прерано, на само 29 години, поради низа сериозни повреди, пишува “Unusualefforts”.

Пензионирањето беше поттик за уште поголеми проблеми во животот. Набргу потоа сопругата го оставила и со себе го зела синот. Сите пари што ги заработил ги испраќал на семејството во Сенегал, но не биле доволни за неговата сопруга. Трагедијата е уште поголема бидејќи до смртта не го видел синот.

На крајот остана сам. Станал бездомник и починал од студ на една од улиците во францускиот град Домонт. Тоа беше во јануари 2016 година.

“Разводот го уби. А потоа тоа што не можеше да го види синот беше најлошото нешто за него”, рекол еден од неговите познаници.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!