Вие имате прво да ја знаете вистината

Пожарникарите постигнаа напредок во борбата со пожарите во Франција и Португалија

Француските пожарникари успеаја да го спречат ширењето на огромниот пожар во југозападна Франција, овозможувајќи им на властите да отворат дел од автопатот за сообраќај, неопходен поради раздвиженоста заради празничниот викенд Вознесение на Пресвета Богородица

Француските пожарникари имаат поддршка од нивните колеги од европските земји. Пламените јазици опустошија шуми во регионот Жиронд и принудија 10.000 луѓе да ги напуштат своите домови.

Вечерва се очекува невреме во областа и тоа да ги намали температурите, што ќе помогне во борбата со огнената стихија.

Во Португалија ставен под контрола е пожарот во природниот парк Сера да Естрела.

Речиси 1.500 пожарникари остануваат таму со поддршка од воздух за да се спречат нови пожари.

Од почетокот на годината, пожарите уништија повеќе од 60.000 хектари во Франција и повеќе од 79.000 хектари во Португалија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!