Вие имате прво да ја знаете вистината

Украина и Русија повторно меѓусебно се обвинуваат за нападите врз Запорожје

 Киев и Москва денеска повторно меѓусебно се обвинија за нападите врз нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, која беше окупирана од руската армија и која е цел на напади веќе една недела.

„Ограничете го своето присуство на улиците на Енергодар! Добивме информации за нови провокации од страна на окупаторите“, објави на Телеграм украинската агенција за нуклеарна енергија Енергоатом, пренесувајќи ја пораката од локалниот челник на градот во кој се наоѓа нуклеарната централа, а кој е лојален на Киев.

„Според сведоштвата на жителите, во тек се бомбардирања во правец на нуклеарната централа Запорожје… Интервалот помеѓу истрелувањето на гранатите и ударот е три до пет секунди“, се додава во пораката.

Окупаторските власти инсталирани од Русија во зоните што ги окупираше во областа ги обвинија украинските сили дека се одговорни за нападите, пренесува Хина.

„Енергодар и нуклеарната централа Запорожје повторно се под оган од милитантите на Зеленски“, објави на Телеграм Владимир Рогов, член на проруската воена и цивилна администрација.

Проектилите паднале „во зоните лоцирани на бреговите на Днепар и во електраната“, рече тој, без да даде информации за жртви или штети.

Дњепар ги одделува зоните под руска контрола од зоните под контрола на Украина.

Поради нападот на Запорожје, во четвртокот се состана Советот за безбедност на ОН.

Во првите напади на 5 август беше погоден трансформаторот на високонапонскиот далновод, што предизвика автоматско запирање на третиот реактор и стартување на резервните генератори.

Во нападите во четвртокот беа оштетени пумпната станица и уредите за мерење на нивото на радијација.

Украинските власти бараат демилитаризација на зоната и повлекување на руските војници. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја критикуваше Русија дека спроведува „нуклеарна уцена“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!