Вие имате прво да ја знаете вистината

ФИФА ДОБИ ШОКАНТНИ ДОКАЗИ, СЛЕДИ ИСКЛУЧУВАЊЕ ОД Светското Првенство?! На повидок е голем хаос! Една репрезентација фатена во измама!

Фифа најпрвин ја одби жалбата на Чиле но, по новите докази може да направи преседан и да го исфрли Еквадор од Светското првенство.

Оваа недела Светската фудбалска федерација одлучи да го смени датумот на натпреварот меѓу Катар и Еквадор, така што домаќинот ќе го одигра првиот натпревар на Светското првенство. Но, на 20 ноември, Катар можеби нема да ги има Еквадорците за противници доколку ФИФА одлучи да преземе драстична мерка.

Чиле поднесе жалба против Еквадор по завршувањето на квалификациите, тврдејќи дека десниот бек Бајрон Кастиљо, кој забележа осум настапи во квалификациите за Светското првенство, не е роден во Еквадор, туку во Колумбија и дека никогаш немал еквадорско државјанство, затоа нема право да игра за таа репрезентација.

ФИФА ја одби првата жалба, но британскиот „Daily Mail“ објави дека има пристап до документацијата која докажува дека Кастиљо роден во Колумбија.

За овој фудбалер има два изводи на родени и две различни имиња. Според колумбиските документи неговото целосно име е Бајрон Хавиер Кастиљо Сегура, додека според еквадорските документи се вика Бајрон Дејвид Кастиљо Сегура. Исто така, има разлика помеѓу датумот на раѓање, па така во колумбиските весници пишува дека е роден на 25 јули 1995 година, додека во еквадорскиот е забележан на 20 ноември 1998 година.

Во 2018 година, NorthAmerikaа беше суспендирана од Фудбалската федерација на Еквадор поради прикажување на лажни документи за играчите, а истата година во Еквадор беше објавено дека изводот на родените на Кастиљо не постои.

Извори на ,,Daily Mail” наведуваат дека постои сомневање ФИФА намерно са ја одолговлекувала одлуката за да не мора да го наруши Светското првенство, чиј почеток има уште 100 дена.

– ФИФА прави сè за да го ,,заташка” случајот бидејќи знае дека играчот е Колумбиец. Во Еквадор има голем број на играчи со лажни документи, но ФИФА не прави ништо – изјави изворот на британскиот весник.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!