Вие имате прво да ја знаете вистината

Четири години од смртта – Сите мислеа дека е идеален маж, а Оливер Драгојевиќ 10 години ја изневерувал својата сопругата со оваа манекенка (фото)

Славниот пејач ја загуби битката со тешката болест пред четири години на 71 година, а вдовицата на Оливер Драгојевиќ, Весна како и секоја претходна година објави емотивна порака и му оддаде почит на починатиот сопруг.

Весна и Оливер Драгојевиќ се запознале во 1973 година, набрзо се венчале и останале заедно до неговата смрт, а помалку е познато дека пејачот, кој ја пленеше публиката со своите романтични далматински шансони, водел живот полн со контроверзи.

Имено, во 2006 година, Оливер, кој се трудеше максимално да го задржи имиџот на семеен човек, беше погоден од скандал кој за малку ќе му го растуреше бракот.

Протекоа информации дека водел паралелен живот, а имал афера со поранешната манекенка Бранка Мариќ Мути, која изјавила дека е најголемата љубов на пејачот.

Бранка Мариќ Мути јавно призна дека е во долгогодишна љубовна врска со уметникот, дека одржувале интимни односи во текот на седумдесеттите и раните осумдесетти, а колку била сериозна аферата покажува фактот што Драгојевиќ сакал да ја остави сопругата Весна поради Бранка. За тоа отворено проговори вдовицата на Оливер Драгојевиќ, а меѓу другото нагласи дека и биле потребни десет години за да ја преболи измамата на пејачот.

Во текот на сите тие години често завршував во Итна помош поради стрес и нервоза. Долго време се обидував да сфатам зошто Оливер се сврте кон друга жена, но на крајот сфатив дека се работи за неговата незрелост и несигурност – изјавила Весна.

Следеа меѓусебни тужби, Бранка тврдеше дека брачната двојка ѝ оставала заканувачки пораки, а семејството Драгојевиќ тоа ги негираше, а потоа поднеле против тужба поради претрпената душевна болка, која ја наплатиле по долгогодишни судски спорови.

Никогаш не сакав да зборувам за мојот живот надвор од сцената, но поради сплет на чудни и неморални околности се најдов во центарот на скандалот што други го приредија. Мојата интимност е првенствено моја работа и се што треба да се направи ќе решам во моите четири ѕида и со оние кои на кои им е грижа за тоа, а душегрижниците ќе останат гладни за сензација – изјави тогаш Оливер и стави крај на целата приказна.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!