Вие имате прво да ја знаете вистината

“L’Equipe” објасни зошто Меси не е кандидат за Златната топка

Во петокот беше објавен списокот на фудбалери кои се кандидати за Златната топка , а на него го нема Лионел Меси. Многу љубители на фудбалот останаа шокирани што Меси го нема на списокот, а француски “L’Equipe објасни зошто се случило тоа.

– Правилата околу изборот се сменети, се зема во предвид одиграната сезона, а не календарската година. Исто така, треба да се нагласи дека Меси имаше слаба сезона, постигна само шест првенствени гола за ПСЖ, а не беше во најдобро издание ниту кога настапуваше за аргентинската репрезентација, пишува познатиот француски спортски весник.

На списокот од 30 играчи се наоѓа Кристијано Роналдо, а тука е и Лука Модриќ, кој ја доби престижната награда во 2018 година по фантастичната клупска и репрезентативна сезона. Ова е првпат во последните 16 години Меси да го нема меѓу кандидатите за Златната топка.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!