Вие имате прво да ја знаете вистината

Бројот на жртвите во пожарот во египетската црква се искачи на 41, се стравува дека уште повеќе ќе порасне (фото)

Бројот на загинати во пожарот во коптската црква Свети Макариј во египетскиот град Гиза се искачи на 41, а вкупно 55 лица се повредени, соопштија црковните власти и египетските власти. Пожарот се случил во црква лоцирана во областа Имбапа, во областа Голема Каиро, а властите стравуваат дека бројот на жртви може да се зголеми.

Засега не е позната точната причина за пожарот, кој доведе до стампедо во црквата, но полицијата соопшти дека прелиминарната истрага укажува дека пожарот настанал од краток спој.

На местото на пожарот испратени се вкупно 15 противпожарни возила.

Неименувани извори на “Ројтерс” претходно соопштија дека загинале 35 лица, а 45 се повредени.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!