Вие имате прво да ја знаете вистината

Во мобилниот имал слики од иранскиот генерал убиен од Американците со дрон – Познати се деталите за приватниот живот на обвинетиот за убиство на Салман Ружди (видео)

Хади Матар беше обвинет за вчерашниот обид за убиство на писателот Салман Ружди во Њујорк. Познати се некои информации за приватниот живот на Матар, а објавени се и видеа направени веднаш по нападот.

24-годишникот е од Фервју, Њу Џерси. Тој е роден во Калифорнија, а неговите родители се од Либан – тие дошле од либанското село Јарун во САД.

Матар купил билет за да присуствува на настан во њујоршката непрофитна институција Chautauqua, каде зборувал познатиот 75-годишен писател. Кетлин Џонс, која била во публиката, изјавила дека напаѓачот бил облечен во црна облека и носел црна маска. Кај него полицијата наводно пронашла и лажна возачка дозвола.

Командантот на полицијата во американската сојузна држава Њујорк, Јуџин Станишевски изјави дека се уште не се знае дали обвинетиот и претходно извршил кривични дела. Безбедносните агенции истражуваат и ранец, за кој се верува дека Матар го оставил на местото на нападот.

Американската телевизиска компанија NBC News, повикувајќи се на извор од истрагата, објави дека неговите објави на социјалните мрежи покажале дека тој го поддржува шиитскиот екстремизам и Корпусот на Исламската револуционерна гарда (IRGC). За Американците тоа е терористичка гарда. Сепак, не е можно јасно да се заклучи дека постоела врска меѓу Матар и ИРГЦ. Либанскиот Хезболах, кој е поддржан од Иран, рече дека “нема информации за овој напад” и дека нема да го коментира.

Фотографии на командантот на ИРГЦ Касем Сулејмани, кој беше убиен од САД на почетокот на 2020 година со дрон, беа пронајдени во мобилниот телефон на Матар. Наводно, пронајдени се и фотографии од еден од ирачките екстремисти кои го поддржуваат Иран.

Адвокатот на Матар, Натаниел Бароне, рече дека тој сè уште собира информации и одби да го коментира случајот, пренесува Sky News. На објавеното видео се гледа што се случило веднаш по нападот.

Салман Ружди е прободен со нож во вратот, а според последните информации тој е приклучен на респиратор, црниот дроб му е оштетен и може да го изгуби окото. Неговата книга “Сатански стихови” е забранета во Иран од 1988 година и се смета за богохулна од голем број муслимани.

Во 1989 година, иранскиот ајатолах Рухолах Хомеини издаде фатва повикувајќи на смрт на Ружди. За неговото убиство беше објавена награда од три милиони долари. Иранските власти официјално се оградија од фатвата на Хомеини, но иранска верска фондација ја зголеми наградата за убиството на Ружди на 3,3 милиони долари во 2012 година.

Ружди претходно ги отфрли заканите поради наведената фатва и рече дека нема докази дека луѓето се заинтересирани за наградата што е објавена за неговото убиство.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!