Вие имате прво да ја знаете вистината

Двајца војници загинаа во судир со милитанти во југозападен Пакистан

 Двајца војници загинаа, а шестмина други беа ранети денеска во напад на милитанти во пакистанската југозападна провинција Балуџистан. Пакистанската армија соопшти дека меѓу ранетите има и еден офицер  при силна размена на оган со напаѓачите, кои побегнале откако нивниот напад бил одбиен.

Во нападот се ранети и двајца цивили.

Војската не ги идентификуваше напаѓачите и засега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот.

Бунтовниците од Балуџистан извршија слични напади врз безбедносните сили во последните месеци. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!