Вие имате прво да ја знаете вистината

Детали од несреќата – Во Бугарија се преврте автобус со 48 деца од Србија, најмладото има само шест години (фото)

Автобус од Србија со 48 деца доживеа сообраќајна несреќа во Бугарија, јавува Еуроњуз. Наводно има многу повредени откако автобусот се превртел во канал.

На местото на несреќата се две возила на брза помош, пожарникари и полиција. Најмалку десет лица се повредени.

Сите патници во автобусот биле државјани на Србија, а се очекува повредените да бидат префрлени во болницата во Стара Загора.

При превртување на автобус од Србија со 48 деца во Бугарија , според првичните информации, повредени се 12 лица, меѓу кои и едно шестгодишно дете.

Засега нема информации како дошло до несреќата, ниту како автобусот се превртел во канал. Како што пишуваат бугарските медиуми, најмалото хоспитализирано дете има шест, а најстарото 17 години.

Од примените деца, четири се испратени на скенирање. Еден од постарите повредени има сериозна повреда на ногата и најверојатно ќе бара ампутација – потврдил за бугарскиот портал Нова директорот на Универзитетската болница во Стара Загора, Јовчо Јовчев, пренесува Нова.рс.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!