Вие имате прво да ја знаете вистината

Масакр во Цетиње – Стигнаа резултатите од аутопсијата: Убиецот Вук Бориловиќ бил погоден со најмалку пет куршуми

Вук Бориловиќ бил погоден со најмалку пет куршуми, покажала обдукцијата, пренесува црногорски Вијести.

Според информациите на „Вијести“, обдукцијата покажува дека имало најмалку пет влезни рани, а со кое оружје е пукано во Бориловиќ и кои рани биле смртоносни ќе проценат балистички експерти и патолозите.

Бориловиќ вчера во центарот на Цетиње уби десет сограѓани, меѓу кои и две малолетни деца, а рани шест од нив.

„Вијести“ дознава дека Бориловиќ имал дозвола за оружјето со кое го извршил невидениот масакр во Цетиње, бидејќи имал дозвола за оружје како ловец.

Во текот на крвавата драма, Бориловиќ со ловечка пушка по случаен избор ги застрела соседите, итната медицинска помош, припадниците на полицијата и случајните минувачи.

Според надлежните, при размена на оган со полицијата тој бил застрелан од сограѓанин.

Претходно, Бориловиќ одби да им се предаде на органите на прогонот, иако беше опкружен, според Вијести.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!