Вие имате прво да ја знаете вистината

Протекоа шокантни фотографии од рускиот баталјон Тигр: “Сликите кажуваат повеќе од зборовите” – Тоа се доброволците на Путин (фото/видео)

Кога во современите војни, интензивните борби траат колку што трае онаа во Украина, тие не само што резултираат со многу поголема потрошувачка на муниција од очекуваното, или огромни загуби во опрема и возила – туку пред сè, тие брзо ги исцрпуваат луѓето, пишува Том Купер, австриски аналитичар за воздушно војување и историчар, на неговиот специјализиран блог.

Со други зборови: сè повеќе војници од двете страни не само што се “мртов уморни”, туку во меѓувреме се и емотивно исцрпени. Тука завршуваат сличностите меѓу Русите и Украинците, забележува Купер. Иако Русија губи до десет пати повеќе војници дневно од Украина, базенот на Путин од кој може да извлече нови пиони за првата линија на бојното поле е неизмерно подлабок.

Впечатокот на Купер е дека Путин всушност нема проблем со квантитетот на војниците, туку пред се со квалитетот на воините. Руските војници кои пристигнуваат во Украина во последните неколку недели се главно постари од 40 години и не се во најдобра физичка кондиција. Тезата на Купер секако е поддржана од приказната за баталјонот Тигр.

Институтот за проучување на војната (ISW) веќе напиша дека Руската Федерација започна голема кампања за формирање на доброволни баталјони во 85 руски региони. Регрутирањето за доброволни баталјони започна во јуни и се интензивираше во јули. Секојдневно се создаваат нови волонтерски единици. Тие се состојат од приближно 400 мажи, меѓу 18 и 60 години. Од регрутите не се бара претходно искуство во воена служба и ќе поминат само 30 дена обука пред да заминат за Украина.

Еден од нив е гореспоменатиот баталјон Тигр. Фотографиите и видеата на припадниците на баталјонот Тигр јасно покажуваат дека неговите членови се над 50, а често и над 60 години.

На 9 јули, руските медиуми објавија дека “Тигр” регрутира доброволци во Приморски крај, регион во најјугоисточниот дел на Руската Федерација, на брегот на Јапонското Море, кое граничи со Кина и Северна Кореја. Гувернерот на Приморскиот крај извести дека баталјонот “Тигр” вклучува само жители на тој регион и дека регионот има најголем број регистрирани доброволци во цела Русија.

Кандидатите за баталјонот “Тигр” мора да поминат 30-дневна обука што ја спроведуваат офицери на 155-та поморска пешадиска бригада на полигоните Бамбурово и Горностај. Оние кои ќе се покажат како најдобри во процесот на обука ќе добијат бонус од 50.000 рубли (860 американски долари), а сите војници ќе добијат исплата од 150.000 рубли (2.575 американски долари) по завршувањето на обуката. Средствата ќе се извлечат од буџетот на Приморскиот крај, а членовите на “Тигр” ќе добиваат месечна плата од 200.000 рубљи (3.430 долари).

“Ваквиот систем ќе произведе “војници” со многу пониска воена обука од просечните регрути во руската армија, а тие ќе треба да одвојат речиси исто толку пари колку за професионалните војници. Ова јасно сугерира дека рускиот претседател Владимир Путин сè уште не може да ги убеди луѓето да се пријават во армијата без значителни финансиски стимулации и дека тој не е подготвен за општа мобилизација”, се заклучува во анализата на ISW.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!