Вие имате прво да ја знаете вистината

Велика Британија: Епидемијата на мајмунски сипаници покажува знаци на забавување

Британските здравствени власти денеска соопштија дека епидемијата на мајмунски сипаници во целата земја „покажува знаци на забавување“, но дека е премногу рано да се знае дали трендот ќе продолжи.

Во соопштението на Агенцијата за здравствена безбедност се вели дека властите пријавуваат околу 29 нови инфекции со мајмунска сипаница секој ден, во споредба со околу 52 случаи дневно во последната недела од јуни.

Во јули, епидемијата се удвојуваше на секои две недели. До денес, Велика Британија има регистрирано повеќе од 3.000 случаи на мајмунски сипаници, со повеќе од 70 проценти од случаите во Лондон.

Агенцијата објави и дека повеќе од 27.000 луѓе се вакцинирани против сипаници.

Огромното мнозинство на случаи на инфекција се откриени кај мажи кои се хомосексуалци, бисексуалци или имаат односи со други мажи и вакцините се приоритет за нив и за нивните најблиски контакти и здравствените работници.

Британските власти објавија дека купиле 150.000 дози од вакцината произведена од Баваријан Нордик, единствениот светски снабдувач.

Минатиот месец, Светската здравствена организација ја прогласи епидемијата за глобална вонредна состојба, а американските власти ја класифицираа епидемијата како вонредна состојба на национално ниво.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!