Вие имате прво да ја знаете вистината

Видео: SpaceX испраќа уште 46 сателити Starlink во орбитата

Американската компанија SpaceX успешно ја лансираше ракетата Falcon 9 со нов круг микросателити Starlink, се вели во соопштението на веб-страницата на компанијата.

Американската компанија SpaceX успешно ја лансираше ракетата Falcon 9 со нов круг микросателити Starlink, се вели во соопштението на веб-страницата на компанијата. Лансирањето во петокот, од локацијата на американската вселенска база Ванденберг во Калифорнија, се случи во 14:40 часот по локално време, а 46 микросателити беа лансирани во ниската земјина орбита, пренесува Танјуг. По етапата во која сателитите ќе се одвојат од Фалкон 9, леталото ќе се врати на земјата, а првата фаза од ракетата веќе е искористена во девет лансирања.

Мрежа за Интернет Мрежата Starlink е создадена за да обезбеди пристап до Интернет со распоредување на голем број сателити со тежина од 260 килограми. SpaceX, компанијата на американскиот милијардер Илон Маск, проценува дека лансирањето на вкупно 11.000 сателити и нивното ставање во функција ќе чини 10 милијарди долари. Од мај 2019 година, компанијата испрати повеќе од 2.500 сателити Starlink во орбитата, објави ТАСС.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!