Вие имате прво да ја знаете вистината

Жените открија: Совршениот љубовник ги има овие особини

Кога станува збор за водењето љубов, обично постои голема разлика помеѓу она што мажите го мислат за нивната моќ во креветот и погледот на жените за сексот.

Сепак, тоа не значи дека некои работи не можат да се поправат и водењето љубов да се претвори во заемно задоволство.

Според експертот за секс и врски Трејси Кокс , следните машки карактеристики се најважни за жените во кревет:

Храбро ги слуша инструкциите

Кога сте во врска со нов партнер, потребно ви е време да се прилагодите. Најлесен начин да постигнете заемно уживање е преку послободна комуникација во кревет. Мажите често трпат поголем “притисок” од добриот или лошиот секс, а нивното его во кревет е сепак многу поголемо од она на жените. Партнерот кој се навредува на зборови како што се: побавно, посилно, побрзо, пониско… не е материјал за добар љубовник.

“Несигурните мажи, кои во исто време се во одбрана, не се партнери кои сакаат да учат и поради ова жената повеќе ќе биде фокусирана на тоа да не го навреди и на крајот поради тоа да глуми оргазам”, објаснува Кокс.

Не се пофалуваат со вештини

И мажите и жените сакаат да го импресионираат својот партнер, додека мажите често имаат поголема потреба да го докажат тоа. Го споменуваат своето богато сексуално искуство или инсистираат на тоа дека имаат уникатна техника. Ваквото однесување најчесто ги одбива жените, бидејќи освен што изгледа препотентно, ги зголемува очекувањата кои мажите потоа тешко или воопшто можат да ги исполнат.

Не му е важен само неговиот врв

Непишаното правило е дека мажот прво треба да ја “почека” неа, бидејќи се смета дека жените потешко постигнуваат оргазам од мажите, а потоа тој треба да се посвети на сопственото задоволство. Маж кој никогаш, или на самиот почеток на врската, не покажува желба да внимава на неа и на нејзиниот оргазам, ретко ќе добие шанса за оправда подоцна.

Комплименти

Избегнувајте неоригинални и “мрзливи” комплименти бидејќи жените брзо ги препознаваат и не сакаат да ги слушаат. Искрените и едноставни комплименти за нејзиниот карактер, личност или изглед се показател дека сте искрени и заинтересирани за неа.

Без емоционално повлекување

По сексот со новиот партнер, понекогаш не знаете што да правите и како да се однесувате, бидејќи се уште не се познавате доволно добро. Секогаш е тешко да се знае каков е правилниот начин на дејствување во такви ситуации, но, на пример, ненадејното заминување, станувањето од кревет или збунетоста во никој случај не се однесувања што се ценат.

Ако не знаете што да правите, подобро е да го кажете тоа искрено отколку да бегате со глава без обзир. Најдобро е да се однесувате што поприродно, што значи дека не е добро да се инсистира на гушкање, ниту пак да се даваат големи изјави за љубов.

“Подобро поканете го вашиот партнер да јадете нешто заедно”, предложи Трејси Кокс.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!