Вие имате прво да ја знаете вистината

КИНА ИСПРАТИ 30 воени авиони и пет бродови КОН ТАЈВАН: Тензично на истокот, објави Министерството за одбрана

Кинеската Народноослободителна армија денеска испрати во Тајван 30 воени авиони и пет воени бродови, соопшти Министерството за одбрана на Тајван. До 17 часот по локално време, тајванските вооружени сили регистрираа пет бродови и 30 авиони на Народноослободителната армија на Кина, од кои 15 ја преминаа централната линија на Тајванскиот теснец, соопшти Министерството на Твитер, пренесе РИА Новости.

Народноослободителната армија на Кина спроведе вежби во областа на островите Пенгу, кои се наоѓаат во јужниот дел на Тајванскиот теснец, се вели во соопштението на Источната борбена командна зона на Народноослободителната армија на Кина (ПЛА). објавено на социјалната мрежа Wichet. За време на заедничките борбени вежби и патроли, пилотите на источната зона на борбената команда на ПЛА извршија надзор над архипелагот Пенгу, се наведува во соопштението.

Портпаролот на кинеското Министерство за одбрана, Ву Чиан, рече дека кинеската војска повторно спроведува воени вежби и патроли околу Тајван, како одговор на посетата на делегација на американски конгресмени на островот.

Делегација на американски конгресмени предводена од сенаторот Ед Марки пристигна вчера во дводневна посета на Тајван.

Претходно беше објавено дека делегацијата ќе се сретне со високи тајвански претставници за да разговараат за односите меѓу САД и Тајван, регионалната безбедност, трговијата и инвестициите, глобалните синџири на снабдување, климатските промени и други важни прашања од заеднички интерес.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!