Вие имате прво да ја знаете вистината

Невакцинираните НБА играчи не можат да одат во Торонто

Олеснувањето на мерките поврзани со рестрикциите за коронавирусот сè уште нема да важи за одделни градови.

Иако одлуката за тоа како некои мерки ќе престанат да важат во САД беше потврдена во петокот, тие нема да важат за градовите како Торонто во Канада.

Минатата година Сан Франциско и Њујорк имаа идентични правила, поради што Кајри Ирвинг настапи само на 29 натпревари.

Сега Торонто ќе биде единствениот град за кој задолжителната вакцинација ќе биде услов за играње.

Тоа не е случај само со НБА, истите правила важат и за бејзболот и за другите спортови.

Колку и да звучи ригидно, се верува дека одлуката на градот Торонто нема да влијае на многу играчи, бидејќи 97 отсто од кошаркарите во НБА се вакцинирани против Ковид.

Се разбира, властите во Торонто не негираат дека мерките би можеле да се променат и да престанат да важат, а тоа ќе зависи, како што велат, од бројот на заразени случаи во Торонто.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!