Вие имате прво да ја знаете вистината

Николовски: Тетово заслужува многу подобро, да има и повеќе улици и повеќе инфраструктура

Членот на Централниот одбор на СДСМ Љупчо Николовски се приклучи на средбите со граѓаните кои во Тетово ги одржуваат кандидатите за советници предводени од носителот Глигорије Стојановски. Тој порача дека Тетово заслужува многу подобро од она што го имаше во изминативе 10 месеци.

-Заслужува да има и повеќе улици и повеќе инфраструктура и нормални услови за живот, подобри услови за развој на економијата, како и на земјоделството во општината. Гаранција за развој на европско Тетово е советничката листа на СДСМ и коалицијата и поддршката којашто ја имаат и од партијата и од Владата, истакна тој.

Николовски на средба со граѓаните во Сараќино се осврна на програмата за Рурален развој и поддршката на општините за подобрување на инфраструктурата, за градење патишта, водоводи, канализациски и водоводни системи, нови линии за осветлување, развивање на руралниот туризам, како и подобрување на условите за живот на жителите во руралните средини.

-Поддршка имаме дадено за 29 проекти на општините во Полошкиот регион преку мерките 321, 322, 323, во вредност од над 107 милиони денари. Во Тетово ја поддржавме и изградбата на локалниот пат од Тетово до село Бродец, реконструкцијата на локалниот пат со кои се поврзуваат населеното место Стимница со градот Тетово, како и изградба на место за излет во локалитетот Тетовска Бања, истакна Николовски.

Тој нагласи дека во услови на светска криза земјоделците не се оставени сами на себе, туку заедно со Владата подготвуваат мерки за поддршка на секој земјоделец.

-Се грижиме и за земјоделците во Тетово, но и за сите земјоделци во Полошкиот регион. Градиме нов систем за наводнување во Теарце преку поддршка од Европската Унија, проект вреден 162,000,000 денари, наведе Николовски.

Порача дека можностите за поддршка на уште проекти за граѓаните во општина Тетово се големи, но за тоа е потребен Совет кој во интерес на граѓаните ќе носи одлуки и ќе креира политики за развој и унапредување на општината.

-Затоа на 20 август граѓаните ќе заокружат број 1 и ќе ја поддржат советничката листа на СДСМ и коалицијата затоа што знаат дека ние ветувањата ќе ги исполниме, истакна членот на ЦО на СДСМ Љупчо Николовски.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!