Вие имате прво да ја знаете вистината

Овие четири видови на овошје се исклучително здрави и можат да го забават процесот на стареење

Постојат многу начини на кои можете да помогнете во забавување на процесот на стареење, а исхраната игра голема улога во тоа.

Иако не можеме да очекуваме да ги смениме “симптомите“ на стареење токму така, одредени намирници можат да ни помогнат да го продолжиме нашиот животен век и затоа да изгледаме помлади.

Јадењето повеќе овошје е една од најлесните и најдобрите промени во исхраната што можете да ги направите за да ги подобрите вашите шанси за подобро здравје. Подолу во продолжение ви пренесуваме четири видови овошје кои според научниците ќе ви помогнат во оваа цел.

Боровинки

Боровинките се еден од најбогатите извори на антоцијани, фитохемиски соединенија кои на овошјето и зеленчукот им даваат сина, виолетова и црвена боја и се ефикасни антиоксиданси кои се борат против слободните радикали кои ги оштетуваат клетките.

Некои студии покажаа дека хранливите материи во боровинките имаат способност да ја поправат оштетената ДНК и да ги модулираат гените поврзани со долговечноста. Комбинацијата на антоцијани и диетални влакна во боровинките, исто така, може да помогне да се намали инсулинската резистенција, да се намалат триглицеридите и да се намали ризикот од дијабетес тип 2, според истражувањето во Current Developments in Nutrition.

Одредени студии покажуваат дека редовното внесување на боровинки може да ги подобри когнитивните способности и дека полифенолите од боровинки може да играат значајна улога во продолжувањето на животниот век.

Јаболка

Сигурно сте слушнале дека јаболката кријат бројни придобивки за нашето здравје. Една студија во Advances in Nutrition сугерира дека редовното консумирање јаболка може да го намали ризикот од болести поврзани со стареењето како што се кардиоваскуларни болести, рак и Алцхајмерова болест.

Грејпфрут

Грејпфрутот е богат со здрави хранливи материи како витамин Ц, антиинфламаторен магнезиум, калиум за намалување на крвниот притисок и диетални влакна, но неговата најголема здравствена придобивка може да биде неговата способност да се бори против бројни кардио-метаболички нарушувања поврзани со прекумерната тежина. Како што стареете, ризикот од прекумерна тежина се зголемува, па вклучувањето на овошјето за борба против маснотиите како грејпфрут во вашата исхрана е одлична “алатка“ против стареење.

Едно истражување покажа дека учесниците кои јаделе половина грејпфрут со секој оброк изгубиле 3,6 килограми за време на експеримент од 12 недели. Анализата на податоците од Националното истражување за здравствени и нутриционистички испитувања откри поврзаност помеѓу консумацијата на грејпфрут и условите кои го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести.

Калинка

Сокот од калинка е богат со калиум, минерал кој е поврзан со намален ризик од мозочен удар поради неговата способност да го одржува крвниот притисок во здрав опсег.

Исто така е богат извор на флавоноиди и полифеноли со силни антиоксидантни и антиинфламаторни својства. Некои истражувања покажуваат дека овие антиоксиданси можат да помогнат да се намали инциденцата на старечки дамки и брчки. Во една студија спроведена на глодари, истражувачите откриле дека сокот од калинка нанесен на кожата на глувци без влакна штити од оштетување на сонцето. Во други истражувања, се чини дека сокот од калинка го продолжува животниот век на глувците и другите мали животни.

Секако, многу научници стојат зад тврдењето дека консумирањето одредени намирници е само една важна компонента во низата интервенции кои треба да бидат дел од рутината на поединецот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!