Вие имате прво да ја знаете вистината

Потрага по делфинот што ги каснува пливачите (фото)

Јапонските власти се обидуваат да откријат делфин осомничен за најмалку шест напади врз луѓе ова лето. Двајца капачи пријавиле дека пред два дена биле каснати за рака од делфин, што се верува дека е последен во серијата напади на јапонска плажа. Според локалните медиуми, мажот бил пренесен во болница откако бил нападнат од морски цицач.

Јапонските власти веруваат дека станува збор за истиот делфин кој летово постојано напаѓал луѓе, јавува “Би-Би-Си”.

Обично се смета дека делфините не се агресивни кон луѓето, но всушност нивното непријателство кон пливачите не е толку ретко.

Локалните медиуми објавија дека тој утрото каснал маж за двете раце, а потоа истиот ден нападнал друг маж, при што му ги повредил прстите на левата рака.

Двата инцидента се случија на плажата Кошино, популарна дестинација за капачите во близина на западниот јапонски град Фукуи.

Официјалните лица сега поставија предаватели на ултразвук долж плажата со надеж дека неговите звуци со висока фреквенција ќе ги одвратат делфините. Пливачите се предупредени и советувани да се обидат да ги избегнуваат во водата.

Засега не е јасно кој тип на делфин ги нападнал луѓето.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!