Вие имате прво да ја знаете вистината

Првите снимки од мегалуксната јахта на Безос: Долга е 127 метри и чини 500 милиони долари

Холандската компанија Oceanco заврши голема работа – изградба на јахта со кодно име Project 721 или Y721, во сопственост на американскиот милијардер Џеф Безос. Кога ќе му биде испорачан на основачот на Амазон, ќе биде најголемиот едреник во светот, долг 127 метри и секако еден од најскапите.

Огромните димензии ги потврдува и висината – цели 70 метри, па Y721 ќе собори неколку рекорди, пренесува Autoevolution. Деталите за проектот се чуваат во тајност, но знаеме дека јахтата на Безос ќе има „верен придружник“ во форма на помал сад, планиран за транспорт на залихи, вода и други играчки. Се шпекулира дека се работи за моделот YS 7512, на компанијата Damen Yachts, во должина од 70 метри и сместување за 45 лица! Во следниот дел ќе ја видите надворешноста на мегалуксната јахта, а се надеваме дека со текот на времето ќе „протечат“ и снимки од внатрешноста:

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!