Вие имате прво да ја знаете вистината

ДРВОСЕЧАЧОТ МИЛОШ НЕ МОЖЕШЕ ДА ПОВЕРУВА ВО ТОА ШТО ВИДЕ: Ова се случува еднаш во 100 години! Исекол дрво и останал во чудо (фото)

Неверојатна глетка му се појавила на Милош Поповиќ (30) од селото во Ивањица – Бедина Варош кога од бука течела вода додека тој сечел дрва.

Овој дрвосечач се зачуди, бидејќи со години се занимава со оваа работа и вакво нешто никогаш не му се случило.

“Дрвото не беше скапано, туку напротив беше здраво. Почнав да сечам и кога стигнав на половина работа почна да излегува вода со неверојатна јачина, како некој да ја пуштил од чешма. Дојдовме, се измивме, а ги измивме рацете. Водата беше ладна и исклучително чиста, за да може веднаш да се пие. Бевме во голема дилема и не знаевме што да правиме, но на крајот сепак ја исековме буката”, изјави Милош за RINA.

Она што е уште почудно за овој дрвосечач е што во близина од половина километар нема река или извор од каков било вид, а во буката се криела толку многу вода.

“Цело време додека бевме покрај дрвото, водата продолжи да блика, како да е во извор. Нашата клима е исклучително богата со шума и многу луѓе се занимаваат со нејзино сечење, но сите на кои им го покажав видеото беа воодушевени. Никој не видел такво нешто”, вели дрвосечачот од Ивањица.

Овој природен феномен може да се види еднаш во 100 години, а досега единствениот случај во регионот е забележан во градот Диноша во Црна Гора, каде што течела вода од црница.

Експертите го објаснија ова чудо на природата со тоа што корените на таа црница се наоѓаат на сезонскиот фронт на изворот на вода. Потоа, водата од дрвото најчесто е предизвикана од обилни врнежи, кои ги поплавуваат подводните извори, па дополнителниот притисок ја турка водата на површината, заедно со корените на дрвјата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!