Вие имате прво да ја знаете вистината

Костадиновска – Стојчевска: Со глас за СДСМ и број еден, гласаме за европско Тетово

Потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска денеска на средби со граѓаните на Тетово порача дека советничката листа на СДСМ и коалицијата е најдобрата понуда за идниот Совет на оваа општина.

Таа посочи дека СДСМ како партија и на централно и на локално ниво покажува вистинска грижа за граѓаните, за општините и за секое населено место и дека Тетово не е исклучок од тоа.

-Граѓаните на 20 август да дадат поддршка на кандидатите за советници од СДСМ затоа што тие се гаранција дека работата на градоначалникот ќе биде постојано под лупа на јавноста. За чесни, доблесни и угледни луѓе во Советот, за европско Тетово, на 20 август да гласаме за број 1, да гласаме за советничката листа на СДСМ и коалицијата, порача потпретседателката Костадиновска Стојчевска.

Таа заедно со кандидатите за советници предводени од носителот Глигорије Стојановски имаа средби со граѓаните.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!