Вие имате прво да ја знаете вистината

НЕСРЕЌА ВО ПОПУЛАРНО ТУРСКО ЛЕТУВАЛИШТЕ, МОМЧЕ СЕ УДАВИ ВО ПОЛН БАЗЕН! Семејството и сведоците го обвинуваат хотелот

Момчето се удавило во базенот на хотелот во Анталија, а семејството отворило оган во објектот тврдејќи дека на базенот нема спасувачи.

14-годишното момче, чие име не се соопштува, со семејството било во едно од турските летувалишта Анталија, пишува Дејли Мејл.

Неколку членови на исто семејство престојувале во хотелот со 311 соби како гости на свадбата.

Момчето под се уште неразјаснети околности се удавило во еден од петте базени, а очевидци велат дека шанкер го забележал во водата и го повлекол на суво.

На момчето му била укажана прва помош и вештачко дишење, и било префрлено во болница, но за жал починало.

Семејството и сведоците, пишува „Сан“, тврдат дека на базенот немало спасувачи иако било еден часот попладне. Спасувачите наводно отишле на ручек. Хотелот ги негира овие наводи.

Со тешко срце потврдуваме дека нашиот млад гостин почина додека пливаше со тетка му на нашиот главен базен. Од почит кон семејството, нема да даваме дополнителни изјави додека не бидат објавени резултатите од обдукцијата. Категорично ги отфрламе обвинувањата за немање спасители, изјави портпаролот на хотелот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!