Вие имате прво да ја знаете вистината

Погледнете го моментот кога се слушна експлозијата во авионот на Ер Србија (видео)

Авионот на Ер Србија на релација Тиват-Белград, 45 минути по полетувањето од аеродромот во Тиват околу 15:45 часот, морал принудно да слета поради дефект на моторот.

Порталот Нова.рс дошол до ексклузивна снимка од авионот, на која може да се слушне моментот кога дошло до експлозија и кога леталото почнало да се тресе.

Пред експлозијата, патниците истакнуваат дека во авионот се слушнало силно брмчење. Набрзо дошло до силен удар кој ги вознемирил сите патници.

Според првите информации, се работи за проблем со моторот на авионот, поради што леталото морало да се врати на аеродромот во Тиват.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!